Шведски весник: Стокхолм би можел да аплицира за НАТО на 17-ти мај

Точка

15/05/2022

12:17

1.672

Големина на фонт

а а а

Се очекува дека Шведска и Финска наскоро ќе ги соопштат одлуките за пристапување кон Алијансата.

Се очекува дека Шведска ќе аплицира за членство во НАТО на 17-ти мај, објавил денеска шведскиот весник "Svenska Dagbladet", цитирајќи неименуван извор.

Според тој весник, датумот за пријавата во НАТО би можел да се помести, доколку Финска не одлучи до тој ден дали ќе аплицира.


Според финските експерти, постои ризик дека дебатата во парламентот на Шведска закажана за понеделник на оваа тама би можела да биде поместена.

Во петок министерот за надворешни работи на Финска, Пека Хаависто, во интервју за шведскиот весник "Aftonbladet" рекол дека Хелсинки би можел да се пријави за членство во НАТО на 18-ти мај.