„ЕА Спортс“ и ФИФА „раскинаа“, славната фудбалска видеоигра ќе има ново име

Макфакс

10/05/2022

22:52

33.260

Големина на фонт

а а а

„ЕА Спортс“, американската компанија за видеоигри потврди дека од следната година веќе нема да има партнерство со ФИФА, ставајќи крај на речиси триесетгодишната соработка, со ФИФА 23 како последно издание на фудбалската игра.

Од следната годинаа играта ќе биде позната како „EA Sports FC“, и засега ќе ги заддржи лиценците на Премиерлигата, а склопија и партнертво со „Најк“. Видеоигрите ФИФА се издаваа годишно од 1995 година!

„Новата независна платформа носи нови можности за креација, иновација и еволуирање. Ова е многу повеќе од промена на симбол, ‘ЕА Спортс’ останува посвеена на фудбалот“, потврди генералниот директор на „ЕА Спортс“, Кем Вебер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг