Најпознат како родно место на Наполеон Бонапарта – рајот на Медитеранот со најмагичното зајдисонце

Точка

10/05/2022

11:03

34.023

Големина на фонт

а а а

Корзика можеби е најпозната како родното место на Наполеон Бонапарта, но волшебниот остров стана рај за љубителите на наутичките спортови и туристите жедни за сонце кои бараат забава на плажите на Медитеранот.

Француската територија од 1768 година, Корзика се наоѓа западно од Италија и северно од островот Сардинија (одвоено од прекрасниот архипелаг Лавеци), 90 километри од Тоскана и 177 од Француската ривиера.


Копното настанало со интензивна вулканска ерупција и тоа е планински остров на Медитеранот кој понекогаш се нарекува и „морска планина“. Туристите сакаат да доаѓаат на овој недопрен остров со спектакуларни пејзажи, а од неодамна (пред санкциите на Русија), е сè поголем е бројот на руските милионери кои се „заведени“ од неговиот шарм.

Со површина од 8.680 километри квадратни и со 302.000 жители, Корзика се натпреварува со грчките острови по најубави „осамени“ плажи.


Посетителите ќе најдат природни резервати, див живот и загрозени видови, средновековни села и впечатливиот град на карпа Бонифачо, меѓу најпосакуваните дестинации. Впечатливиот изглед на островот и неговата прекрасна кујна само придонесуваат во неговата популарност.

Летниот одмор на Корзика е многу модерен за џет-сетерите и познатите лица, а некои од нив дури си купиле и имот на крајбрежјето.


Туристите доаѓаат на крајбрежјето со прекрасните плажи за да уживаат, но и заради крстарењето во текот на заоѓањето на сонцето, нуркањето, ловењето риби...

Постојат неколку луксузни хотели кои се наоѓаат на островот, а за љубителите на уметноста и културата таму има величествена колекција на италијански слики, а исто така и Филхармонискиот оркестар на Корзика нуди прекрасна серија на концерти во кои ќе уживате во текот на посетата на ова прекрасно место.




Спонзорирани линкови

Маркетинг