Здравко Чолиќ бил еден од најголемите заводници во Југославија, имал односи со оваа светски позната пејачка: „Се почувствував искористен како инстант супа“

Точка

09/05/2022

21:44

17.922

Големина на фонт

а а а

По него лудувале жените каде и да се појавел, па поради тоа не ни е ниту чудно што на неговиот шарм не можела да му одолее ниту светски познатата пејачка.

Здравко Чолиќ е една од најголемите балкански ѕвезди и вечен миленик на публиката. Тој бил неодолив, но исто така и тој ги сакал жените. Така во 1997 година ги изненадил сите со своето признание дека имал интимен однос со пејачката Фрида Лингстад од популарната група „ABBA“.

Имено, тие се запознале на Евровизија кога Чола ја претставувал Југославија со песната „Гори ватра“.

Фрида истата таа година била придружен вокал на шведскиот претставник, а тогаш се случила и споменатата средба поради која за малку Чола ќе задоцнел за настапот.

„Фрида од групата ABBA ја запознав на Евровизија, каде би се случило тоа на друго место. Потоа следеше повик за викенд. Делуваше ветувачки, но по целата таа тридневна идила се почувствував искористен како инстант-супа. Ја вариш за пет минути, ја јадеш наутро и, тоа е тоа“, опишал Чола.

Судејќи по неговите впечатоци, нивната врска била кратка и не баш толку слатка:

„А, сè беше тука – и каминот, и свеќите и цвеќињата, печената риба во фолија со бадеми и етерични масла. Но, таа вистинската, луда страст којашто се случува меѓу мажот и жената, како да изостана овојпат. Немаше спонтаност, па сè изгледаше како кога ќе закажеш вежбање за двајца во теретана“, заклучил тогаш Чола.

Меѓутоа, Здравко својата животна сопатничка ја пронашол пред 20 години со која е во складен брак и имаат две прекрасни ќерки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг