Единственото место во светот во кое живеат само жени: Девојките ги повикаа заинтересираните ергени да им се придружат

Точка

04/05/2022

19:45

17.776

Големина на фонт

а а а

Жените кои таму создале свој дом, цврсто веруваат дека сè можат сами, па дури и подобро од мажите.

Во феминистичкиот предел Ноива де Кордеиро, сместен на југ од Бразил, живеат жени и само жени. Тоа е единственото место на светот во кое не живее ниту еден маж, а како што стојат работите така и ќе остане.

Поради тоа што границата меѓу женскиот и надворешниот машки свет можат да ја поминат само според утврден распоред, мажите тешко на ова место би влегле бев службен повик и дозвола од владејачките Амазонки.

Ноива де Кордеиро основана е во 1891 година од страна на Марија Сењорина де Лима која била прогонета од своето село поради прељуба. Во ова место денес живеат околу 600 жители.

Тие го уредиле животот онака како што сакале и се чувствуваат пријатно во своето женско царство. Веруваат дека во своето место успеале да организираат многу подобар живот од мажите.

„Постојат многу работи што жените ги прават подобро од мажите. Нашето село е поубаво, поорганизирано и има многу повеќе хармонија, отколку кога мажите би биле главни. Кога доаѓа до проблем, го решаваме на женски начин и пробуваме да дојдеме до општа согласност, а не до конфликт”, вели 49-годишната Росали.

Во текот на работните денови сите девојки ја обработуваат земјата, готват, организираат импровизирани салони за убавина и ревии за празниците и саемите.

Ова необично место има свои страници на социјалните мрежи каде со текот на времето се појавуваат огласи за барање мажи. Девојките одлучиле да ги повикаат заинтересираните ергени да им се придружат во ова необично село.

„Сонуваме да се заљубиме и да се омажиме. Но, го сакаме нашиот живот овде и не сакаме да се отселиме во град само за да си најдеме сопруг”, објаснила една од девојките.