Како да бидете личност која ја следи среќа во животот? Пауло Коелјо има одговор на тоа прашање – тајната е во една едноставна одлука

Точка

03/05/2022

19:47

19.584

Големина на фонт

а а а

Како да станете личност која ја следи среќата во животот? Прашање кое многумина си го поставуваат себеси, но малкумина го знаат одговорот.

Тајната не е во парите, односите, квалитетниот живот, туку во само една одлука. Ова е тајната на среќниот живот која ја открил Пауло Коелјо.

„Не живеам ниту во своето минато ниту во иднината. Ме интересира само сегашноста. Доколку можете секогаш да се концентрирате на сегашноста, ќе бидете среќен човек. Животот ќе ви биде забава, голем фестивал затоа што животот е момент кој сега го живееме“, изјавил Коелјо.


Ова правило е она кое е пресудно за среќа.

Од друга страна пак, кога сте оптоварени со тоа што ќе се случи во иднината, дали плановите ќе ви се остварат, дали нешто лошо ќе се случи – тоа може да предизвика анксиозност. И, додека планирате, животот може да помине покрај вас, заборавајќи дека живеете тука и сега.

Животот е во сегашниот момент, свеста дека сме тука и сега и дека тоа е драгоцено, може да донесе квалитетен живот и сета негова предност. Дури и кога ќе наиде неволја, ако сте свесни за сегашниот момент, лесно ќе ја пребродите и ќе знаете како да делувате.


Сега и тука е моментот кога можете сè, па затоа започнете да го правите тоа.