Што најмногу се гледа денеска при купување на автомобил

Точка

29/04/2022

15:18

40.274

Големина на фонт

а а а

Купувачите почнале да прават компромиси во поглед на безбедносните функции само за да спојат крај со крај.

Автомобилите ги биравме во главно на основа на нивниот дизајн, практичност и безбедност, но големиот раст на цените на горивото го промени сето тоа, пишува „N1“.

Според новото истражување кое го спровел „CarGurus‘ во Велика Британија, фактор број еден кој луѓето денеска го земаат предвид при купувањето на ново возило е – потрошувачката на гориво.


Според ова истражување, 57% од купувачите на автомобили во Велика Британија ја сметаат потрошувачката на гориво за најважен фактор кога размислуваат за следното купување на возило.

Потрошувачката на гориво ја симнало безбедноста на второ место на листата, откако доживеала огромен скок од 47 проценти пред цената на гориво да порасне, наведува „Revija HAK“.


Економскиот фактор и натаму влијае на одлуките на луѓето. Фактор број три некогаш бил дизајнот/стилот на автомобилот (30%), но тој удел паднал на 20 проценти, а го замениле даночни трошоци (25%) кои некогаш биле шести на листата на важност при купување на нов автомобил.




Спонзорирани линкови

Маркетинг