Русковска за Зеќири: Знаеме каде завршиле парите, Хрватите не се во Македонија

Точка

08/04/2022

13:05

4.135

Големина на фонт

а а а

Обвинителката Вилма Русковска за "Слободен печат" изјави дека предметот за проневера против Мухамед Зеќири, и уште двајца хрватски државјани, Обвинителството за организиран криминал го добило во втората половина на 2021 година.

Според изјавата на Русковска, од тогаш надлежниот обвинител издал неколку наредби за собирање на докази, а вчера пристигнало и последното известување.

„Истрагата се водеше од Министерството за внатрешни работи, а Обвинителството го доби случајот во втора половина на 2021 година. Од тогаш, надлежниот обвинител издаде повеќе наредби за собирање докази и во текот на вчерашниот ден стигна и последното известување, по што надлежниот обвинител донесе наредба за спроведување истрага и предлог за определување мерка притвор за осомничените. По таа мерка, Судот ќе одреди како ќе постапува понатаму. Имаме податок за тоа каде се парите. Осомничените хрватските државјани, според нашите информации, не се наоѓаат во државава, но ние ќе стапиме во контакт со колегите од Хрватска, ќе ги доставиме доказите до нив, па доколку се согласат да го преземат гонењето, нивното понатамошно процесуирање ќе биде во Хрватска“, вели Рускоска за Слободен печат.

Русковска нагласила и дека секој што ќе направи кривичен престап ќе биде гонет, без разлика на неговата позиција во системот на државата.

Потсетуваме, од обвинителството претходно објавија дека постои основано сомнение дека првоосомничениот – висок функционер во Владата во својство на службено лице сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. ст.3 в.в. ст.1 од КЗ на РМ, за што му помогнале останатите двајца осомничени.