Израел ја нападна единствената католичка црква во Газа, две жени убиени, неколку повредени

Макфакс

17/07/2025

12:20

165

Големина на фонт

а а а

Две жени беа убиени, а неколку други беа ранети во израелски напад што ја погоди католичката парохија во Појасот Газа, соопштија денес лекарите во болницата Ал-Ахли во Газа. Нападот ја оштети Црквата на Светото Семејство, единствената католичка црква во палестинската енклава.

Ватикан не одговори веднаш на барањето за коментар. Израелските одбранбени сили соопштија дека го истражуваат инцидентот. Италијанската новинска агенција АНСА објави дека шест лица се сериозно повредени, додека свештеникот Габриеле Романели, кој редовно го информираше покојниот папа Францискo за израелско-палестинскиот конфликт, претрпе полесни повреди на ногата.

„Израелските напади врз Газа ја погодија и Црквата на Светото Семејство“, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони во соопштението.

„Нападите врз цивилното население што Израел ги извршува со месеци се неприфатливи. Ниту една воена акција не може да го оправда таквиот став“, додаде таа.

Латинската патријаршија во Ерусалим соопшти дека римокатоличката парохија во Појасот Газа е оштетена во воен напад, при што неколку лица се повредени. Патријаршијата додаде дека „моментално нема познати смртни случаи“.