Европските политичари сакаат да ги номинираат Зеленски и народот на Украина за Нобеловата награда за мир

Макфакс

18/03/2022

08:41

805

Големина на фонт

а а а

Група европски политичари апелираа до Нобеловиот комитет со иницијатива да се номинираат Володимир Зеленски и народот на Украина за Нобеловата награда за мир.

Ова се наведува во отвореното писмо потпишано од десетици европски политичари, пренесува Укринформ.

Тие сметаат дека Нобеловиот комитет треба да ја продолжи процедурата за номинација за Нобеловата награда за мир до 31 март 2022 година, за да се овозможи номинација за Нобеловата награда за претседателот Зеленски и народот на Украина. Постапката за номинација истече на 31 јануари.

– Сведоци сме на храброста на народот на Украина кој ја трпи оваа војна што против нив ја води Руската Федерација. Храбрите Украинки и мажи се борат за зачувување на демократијата и самоуправата. Луѓето ширум Украина се креваат да се спротивстават на силите на авторитаризмот. Веруваме дека сега е време да им покажеме на народот на Украина дека светот е на нивна страна – се вели во писмото.

Писмото го потпишаа 36 политичари од Холандија, Велика Британија, Германија, Шведска, Естонија, Бугарија, Романија и Словачка. Писмото е отворено за потпис за политичките лидери ширум светот до 30 март.

Според експертите, барањето за прекршување на процедурата за номинација е случај без преседан во историјата на Нобеловата награда. Сепак, војната на Русија против Украина е исто така невиден настан од Втората светска војна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг