(Фото/Видео) Победничката на Евровизија со децата бега од Киев, сподели потресни снимки: „Четири дена бевме без храна, ве молам, запрете ја војната“

Точка

28/02/2022

20:47

9.784

Големина на фонт

а а а

Џамала, украинската пејачка што победи на Евровизија во 2016-та година со песната „1944“, се огласи на Инстаграм и опиша како изгледало нејзиното бегство од татковината.

„Ноќта на 24-ти февруари го напуштивме Киев со нашите деца и поминавме речиси четири дена во автомобилот, без храна бидејќи во состојба на шок никој не се сети нешто да понесе. Два километри за четири часа, отприлика толкава е брзината со која се движевме“, напиша Џамала.

Пејачката порача дека не можела порано да се обрати, бидејќи немала интернет или ги смирувала децата за време на долгото возење.


Таа објави и видео на кое околу полноќ во солзи пешачи кон границата со Романија. Џамала вели дека член од семејството ѝ помогнал да стигне до границата, но таа морала да продолжи пеш.


„Ве молам, не дозволувајте да се борат со народот на Украина! Ве молам, прекинете ја војната! Спасете ги и вашите и нашите деца!“, порача пејачката.


Таа утрово повторно се огласи на социјалните мрежи и објави неколку потресни фотографии и снимки од Киев и неколку фотографии со своите деца како ја напуштаат татковината.


„Сакам да се разбудам и да слушнам дека тоа е само филм. Поминаа пет дена откако Русија ја нападна Украина. Милиони жени и деца ги напуштаат своите домови, оставајќи ги своите сопрузи да ја бранат земјата. Украина е огромна, убава и толку независна. Мислам дека тоа е клучно“, напиша Џамала.

„Толку жртви, ранети. Жените деновиве се пораѓаа во подруми. Не го разбирам овој крвав терор. Верувам во нашиот претседател, нашата армија, нашите храбри мажи и жени. Ние ќе победиме. Украина не може да се победи! Русијо, немој да молчиш! Кажете дека сте хумани. Размислете. Запрете го ова лудило!” заклучи Џамала.

Да потсетиме, Џамала победи на Евровизија пред шест години со песната „1944“.

Песната зборува за етничкото чистење што го доживеале членовите на нејзиното семејство заедно со повеќе од 200.000 кримски Татари. Имено, на 17-ти и 18-ти мај 1944-та година, силите на Сталин извршија 'колективна казна' врз Татарите, народ со турско потекло, а за само два дена беа иселени 40.000 припадници на овој народ од Крим, кои биле депортирани во Сибир.



Спонзорирани линкови

Маркетинг