Владимир Путин од 2019-та и овој од 2022-ра не се исти! Ја изгуби врската со реалноста во својот свет

Точка

24/02/2022

15:00

105.347

Големина на фонт

а а а

Путин, кој се сретна со Маркон во Кремљ во 2019-та година, и овој сега, не е истиот, рекол француски службеник. „Оној Путин што го сретна во Кремљ беше поригиден и поизолиран“.

Однесувањето на рускиот претседател Владимир Путин во украинската криза отворило прозорец во светот на лидер кој изгледа се попараноично и политички изолирано, велат западните службеници и аналитичари за француската новинска агенција "AFP".

Некои западни лидери, вклучувајќи го и францускиот претседател Емануел Макрон, во минатото настојувале да го третираат Путин како веродостоен, иако тврд преговарачки партнер.

Но, сите идеи за неговата доверливост се уништени откако Путин во понеделникот ги признал двата отцепени украински региони и одржан говор сомневајќи се во правото на државност на Украина, само неколку часа откако се обврзал да продолжи со дипломатија во телефонски разговор со Макрон..

Службеник од француското претседателство, кој барал да остане анонимен, рекол дека во говорот на Путин биле измешани ригидни и параноични идеи, што потсетило на впечатокот кој Макрон го стекнал во својот петчасовен разговор со Путин зад затворени врати во Кремљ порано овој месец.


"Путин со кој Макрон се сретна во Кремљ, не истиот со кој се сретна во 2019-та година", рекол тој службеник.

„Тоа што го пронајде во Кремљ беше Путин кој е ригиден и поизолиран“.

Макрон последен пат се состанал со Путин на парискиот самит за Украина во декември 2019-та година.

Порано таа година исто така го угостил Путин на разговори во својата летна резиденција на Медитеранот за политички да ја ангажира Русија.

Тогаш насмеаниот руски лидер пристигнал галантно, носејќи букет цвеќе за сопругата на францускиот лидер, Брижит.

Но, тие слики се далеку од страшниот говор на Путин во понеделникот, во кој неосновано ја обвинил Украина дека бара нуклеарно оружје и предупредил дека киевскиот режим е одговорен за секое понатамошно крвопролевање.

„Тоа беше многу насилна анализа, параноична и со заблуди...со многу историски лаги“, рекол францускиот министер за Европа, Клемент Бон.

Во невнимателните коментари кои ги пренесе "Press Association", британскиот министер за одбрана Бен Валас изјавил дека Путин е човек без пријатели и без сојузници.


Зборувај јасно

Кога Путин во 2014-та година го анектирал Крим од Украина, предизвикувајќи шок од западните лидери, американските медиуми ја цитирале поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која му рекла тогашниот американски претседател Барак Обама дека Путин живее во друг свет.

Сега, додека западните сили се уште погодуваат кој е конечниот план на Путин за Украина, за кој американските разузнавачи сугерираат дека би можел да вклучува дури и обид за заземање на главниот град Киев, проучувањето на психо-профилот на Путин се засилило.

Неговото историско обраќање во понеделникот навечер било емитувано по состанокот на рускиот Совет за безбедност на кој учествувале 20-тина службеници - сите мажи, со исклучок на претседателката на Горниот дом, Валентина Матвијенко.

Службениците седеле вкочането на масите на голема оддалеченост од Путин, а рускиот претседател седејќи на својата маса набљудувал како сите со ред даваат одобрување за признавање на отцепените региони.

Во бизарниот момент кој допрва треба да биде добро објаснет, Путин го понижил својот моќен шеф на контраразузнавачката служба СВР, Сергеј Наришкин, бидејќи се двоумел.


„Зборувај јасно! Сергеј! Да или не?“, подвикнал Путин нетрпеливо.

Изгледало дека Наришкин е совладан, а потоа погрешно рекол дека тие два региони треба да станат дел од Русија, идеја која не била на радарот на Путин.

„Не разговараме за тоа, не го разгледуваме тоа“, рекол Путин смеејќи се. „Разговараме за признавање на независност или не“, додал тој.

Блогерите забележале уште една бизарност - часовниците на министерот за одбрана Сергеј Шојгу и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, покажувале различно време од реалното време во текот на тој наводен пренос во живо.

„Голата пропаганда повеќе не е доволна за старите продавачи на магла и за криминалците. Тие сакаат крв“, коментирал опозиционерот Алексеј Навални, моментално во затвор, нарекувајќи го Путин шеф на советското политбиро 21.


Преминувањето на Путин на темната страна

Францускиот писател Мишел Елтчаниноф, автор на книгата во главата на Владимир Путин, рекол дека, иако Путин претходно изнесувал такви идеи, дошло до загрижувачки промени во неговиот стил и настап.

Оваа помалку садистичка, понижувачка инсценација имаше неверојатен резултат, а Путин е одлучен да покаже дека одлучува сам во нешто што изгледаше како приказ на моќ од времето на Сталин.

„Кај Путин постои некој вид на губење на врска со реалноста за сметка на неговата идеологија која може да се опише како параноична“, рекол тој за "AFP".

„Секогаш сме велеле дека е прагматичен лидер, добар тактичар. Дали ќе го жртвува својот прагматизам во име на својата идеологија? Можно е. Во секој случај, изгледа дека е подготвен за војна“, рекол тој.

Угледната руска аналитичарка Татјана Станова, основачка на политичкиот советодавен центар Р. Политик Центар, предвидела мрачни времиња кои следуваат по говорот.

„Денеска Владимир Путин мина на мрачната страна на историјата“, напишала на својот профил на Телеграм.

„Ова е почеток на крајот на неговиот режим кој сега може да се потпре само на оружје“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг