Матичните лекари денеска протестираат и нема да користат Мој термин, туку ќе работат само за итните пациенти.
Д-р Ненад Лазаров им порача на пациентите да ја одложат посетата кај матичен.
„Со име и презиме ќе ги објавиме тие колеги што ќе преземат пациенти денеска додека трае протестот. Почитувани пациенти, одложете секаква неитна потреба од вашиот лекар, протестот е во тек, и на жалост е неопходен. Доста е“, напиша Лазаров.
Со име и презиме ќе ги објавиме тие колеги што ќе превземат пациенти денес додека трае протестот.
Почитувани пациенти,...
Posted by Nenad Lazarov on Friday, February 18, 2022
Матичните лекари нема да издаваат рецепти и упати за пациентите, освен за итните случаи, во знак на протест против здравствените власти за кои велат немаат слух за барањата и проблемите со кои се соочува оваа категорија на здравствени работници.
Со ова, како што велат, сакаат да предупредат на загрижувачките состојби во примарното здравство и нужноста од итни решенија. Истовремено бараат разбирање и поддршка од пациентите.
Тие се незадоволни поради неисполнетите барања околу малата капитација и финансиските шокови кои можат да доведат до затворање на амбулантите.
Велат дека со оваа цена на капитацијата по пациент, не можат да издржат да ги покријат своите трошоци.







