Фотографијата од средбата меѓу Макрон и Путин која стана предмет на потсмев на Твитер: „Можеш ли да ми додадеш сол?“

Точка

08/02/2022

16:55

23.535

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа имаше состанок со францускиот претседател Емануел Макрон во Москва.

Фотографиите од нивната средба го обиколија светот, а една особено привлече внимание, па стана предмет на шегување и потсмев на Твитер.

„Драги господине претседателе, драг Макрон, многу ми е мило што те гледам“, му рекол Путин на Макрон на почетокот од разговорот.

Двајцата лидери седеле во огромната сала пред кружната маса – еден спроти друг.

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа имаше состанок со францускиот претседател Емануел Макрон во Москва.


На една од фотографиите се гледа како зад Путин има црна мачка, а зад Макрон бела мачка. Потоа на друга фотографија прикажано е како меѓу двајцата лидери седат актери од „Тајната вечера“. На трета фотографија прикажано е како Макрон и Путин гледаат стриптиз настап.

Некој креативен поединец направил видео на кое измонтирал како да изгледа како Путин и Макрон да се нишаат на столовите.

На следната монтажа направено е да изгледа како Џо Бајден, американскиот претседател, да седи меѓу нив двајца и јаде сладолед.

Една од шеговитите фотографии од двајцата лидери е како тие се прикажани со мегафони, што е метафора за тоа што тие седат на големо растојание.

Корисниците на социјалните мрежи над фотографиите пишувале бројни коментари, како: „Можеш ли да ми додадеш сол?“, „Врска на далечина“, „Најдобри другари“...

Лидерите исто така биле прикажани како играат пинг-понг, со опис „кога камерите ќе се изгасат“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг