"CNN" анализа: Пет работи кои Путин би можел да ѝ ги направи на Украина, а не вклучуваат директна инвазија

Точка

04/02/2022

21:34

99.867

Големина на фонт

а а а

Пред една недела, Белата куќа тврдела дека руска инвазија на Украина е "неминовна". Но, тоа се уште не се случило, а времето минува.

Во наредните недели, мразот полека би можел да почне да се топи, иако постои можност рускиот мраз да е доволно дебел за да почне со топење. Во која насока ќе се движи "мразот" зависи и од "временските услови во Украина", иако голема улога игра и временската прогноза која ќе ја гледате, се наведува во анализата на "CNN"

Денеска почнуваат Зимските олимписки игри во Кина, па можно е рускиот претседател Владимир Путин да не му го расипува спектаклот на својот пријател Кси Џинпинг и во време на оваа спортска манифестација да започне војна илјадници километри подалеку.

Критичарите на руските политики се согласуваат дека целосен капацитет на инвазија, за која администрацијата на Бајден е речиси сигурна дека ќе се случи, би можела да има катастрофални последици.

Меѓутоа, постојат уште неколку сценарија кои Путин би можел да ги спроведе, а кои не вклучуваат инвазија на соседна Украина.

Ништо

Повеќето западни анализи околу можните опции на Путин се поврзани со неговиот темперамент за кои некои велат дека е воден од огорченост, додека други сметаат дека тој е склон целосно да се изолира од очигледните факти.

Опцијата за која рускиот претседател ќе се одлучи зависи од тоа колку таа може да биде успешна, како и од можниот одговор на Западот на неговиот потег.

Меѓутоа, неговото окружување можеби би можело да го убеди дека секоја опција е неприфатлива и дека би било добар тактички потег ако не направи ништо.

Аутсајдерите од Кремљ заклучиле дека Москва би требало да направи нешто за да избегне да изгледа слабо во очите на другите. Но, токму тие аутсајдери би можеле да се убедат себе, но и оние кои ги носат одлуките, дека е најдобро да не прават ништо.


Нешто што никому досега не му паднало на памет

Кога Путин се појавил во 90-тите години успеал да изврши инвазија на Чеченија, употребил мистериозен гас за да стави крај на опсадата во московскиот театар во 2002-ра година, го уапсил рускиот олигарх Михаил Ходоровски, го заземал Крим во 2014-та година, па станува јасно дека од самиот почеток тој им пркоси на очекувањата.

Секако дека е тешко да се претпостави кој би можел да биде неговиот следен потег, меѓутоа, јасно е дека има многу опции кои може да ги повлече, а кои не вклучуваат инвазија на соседна Украина.

Централна Азија се наоѓа во хаотична состојба, па нејзините раководители можеби се расположени за уште некои интервенции, како тие што неодамна ги видовме во Казахстан. Арктикот е место за кое Русија многу води сметка. Шведски Готланд и норвешки Свалбард се острови кои често се на работ Русија токму во нив да започне инвазија, а слична е ситуацијата во Јужна Америка во која Русија има многу можности да го наруши моменталниот статус кво.

Накратко, можностите се многубројни, а Путин одамна ја покажал способноста да го изненади целиот свет.


Да бара решение во сепаратистичките области во Украина

Ова е далеку најлоша опција. Мировните преговори околу Донбас се во застој, делумно бидејќи Киев одбива да го прифати договорот според кој треба да и дозволи на Русија да има контрола над две свои енклави на истокот.

Процесот од Минск во кој европските сили настојуваат да поттикнат постигнување на трајно решение, би можел да добие нови размери. Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски можеби во наредните денови кратко ќе разговараат. Меѓутоа, тешко дека некоја од страните ќе попушти.

Москва од практични и идеолошки причини не може да го укине своето влијание во Донбас, бидејќи е длабоко вкоренето.


Признавање на сепаратистичките енклави во источна Украина

Оваа опција рускиот Парламент често ја предложувал како добра опција, иако е нејасно во кој облик би можело да се случи признавањето.

Дали самопрогласените делови Доњецк и Луганск ќе станат дел од Русија или би биле одвоени ентитети кои Русија ќе ги поддржува.

Доколку ова се случи тоа би било лоша опција за Кремљ, бидејќи после тоа би можеле да уследат нови санкции од САД и би значело дека економскиот неред во овие две енклави би "бил целосно во сопственост на Москва".

Ставањето на руски војници на линијата на фронтот исто така би претставувало преголем ризик од вовлекување на Русија во војна.


Оставање на неколку илјади војници во Белорусија

Американската амбасадорка при ОН, Линда Томас Гринфилд, рекла дека моментално во Белорусија се наоѓаат околу 5.000 руски војници, а дека на почетокот на овој месец би можеле да дојдат уште 30.000.

Ова е подарок за Путин, со оглед на тоа дека помогнал во гушењето на неодамнешните протести во Минск и му пружил помош на Александар Лукашенко. Москва тогаш застанала цврсто покрај Лукашенко, без разлика на неговиот двосмислен став кој го имал кон Русија последните десетина години.

Путин по заедничките воени вежби би можел да одлучи да ги остави трупите во оваа држава.

Овој потег во наредните години би можел да го загрози Киев, бидејќи украинската престолнина е оддалечена на само два часа од белоруската граница.

Путин исто така би имал изговор по повод оваа ситуација, бидејќи од каде право на Вашингтон да ја критикува Русија што остава трупи во Белорусија, кога тие распоредуваат војници по сите членки на Алијансата.

Украина секако ќе биде во полоша состојба отколку што била пред три месеци, кога почнало да се зборува за можна инвазија од страна на Русија.

Меѓутоа, без разлика на се, следниот чекор на Путин ќе зависи токму од него, а Белата куќа токму тоа неколку пати го истакнувала.

Едно е сигурно, алтернативи постојат, а Путин има долгогодишно искуство во повлекување на неочекувани и суптилни потези.




Спонзорирани линкови

Маркетинг