Гласањето за одржување на седница отворена за јавноста минало со десет наспроти два гласа, Русија и Кина биле против, а Индија, Габон и Кенија биле воздржани.
На барање на САД, во Њујорк била одржана седница на Советот за безбедност на ОН за кризата во Украина, која била одбележана од полемиката меѓу американскиот и рускиот амбасадор при Обединетите нации.
Во текот на бурната дебата во Советот за безбедност при ОН Русија го обвинила Западот за кревање на тензии околу Украина, додека САД ја обвиниле Русија за собирање на трупи и дека бара изговор за напад.
Амбасадорката на САД во ОН рекла дека растечката воена сила на Русија од повеќе од 100.000 војници на украинските граници е најголемата мобилизација во Европа во текот на последните децении и додала дека дошло до нагло зголемување на бројот на сајбер напади и руски дезинформации.
„И тие се обидуваат, без никаква фактичка основна, Украина и западните земји да ги прикажат како агресори за да измислат изговор за напад“, рекла таа.
Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја го обвинил Вашингтон дека поттикнува тензии со заострување на реториката и предизвикување на ескалации, и како што навел, носење на нацисти на власт во Киев, пренесува "VOA".
„Да не го направеа тоа, денеска ќе живеевме во духот на доброседските односи и двострана соработка. Меѓутоа, јасно е дека на некого на Западот не му се допаѓа тоа позитивно сценарио. Тоа што се случува денес е уште обид да се направи раздор меѓу Русија и Украина“, порачал рускиот амбасадор.
Тој рекол дека Русија често разместува трупи на својата територија, и дека украинската криза е внатрешно прашање.
„Не уверуваат нас дека руска воена акција против Украина ќе се случи за само неколку денови или недели. Меѓутоа, не се пружени докази за тие сериозни обвиненија. Сепак, тоа не ја спречува хистеријата која веќе прави сериозни економски последици во Украина. Западните колеги зборуваат за потребата од деескалација, но пред се сами креваат тензии и ја заоструваат реториката и предизвикуваат ескалација. Самата расправа за закана од војна е провокативна. Речиси да повикувате на тоа, чекате да се случи, како да сакате вашите зборови да станат реалност. И тоа го правите и покрај фактот дека постојано ги отфрламе тие можности и дека ниеден руски политичар или јавна личност не се заканила со планирана инвазија на Украина сето ова време“, порачал Небензја во обраќањето.
Рускиот амбасадор ја напуштил салата кога почнал да зборува украинскиот амбасадор кој се запрашал: „Колку долго Русија ќе врши притисок“?
Гласањето за одржување на седница отворена за јавноста минало со десет наспроти два, Русија и Кина биле против, а Индија, Габон и Кенија биле воздржани.
Биле потребни девет гласови "за" за седницата да се одржи.
Амбасадорот на Кина во ОН, Џанг Џин, кој го поддржал обидот на Русија да се спречи денешната седница, рекол дека не смета дека руските трупи во близина на украинската граница се закана и ги повикал сите страни да не ја влошуваат ситуацијата.
Тој порачал и дека итно е потребна тивка, а не мегафон дипломатија.
Велика Британија, Франција, Албанија, Ирска, Гана и Индија во текот на заседанието изразиле поддршка за суверенитетот на Украина и се заложиле за преговори.
„Најдобро можно сценарио во овој момент е дестабилизација во регионот, а најлош е воена инвазија на една суверена земја“, рекла амбасадорката на Велика Британија при ОН, Барбара Вудворд и подвлекле дека Русија и претходно негирала дека планира агресија, како што било во 2014-та кога го анектирала Крим и во 2008-ма кога влегла во Грузија.
„Посветени сме на дијалог, доколку Русија е искрена и каже дали сака дипломатско решение. Ова не е регионално прашање, инвазија би било кршење на меѓународното право. Ќе предизвика крвопролевање, нема да има победник, само жртви на двете страни“, предупредила британската амбасадорка.
Откако сите 15 членки на Советот за безбедност на ОН, меѓу претставниците на САД и Русија повторно избиле искри, кога Томас-Гринфилд рекла дека е разочарана од коментарите на Небензја, нагласувајќи дека руските закани со агресија се провокативни.
Небензја возвратил дека се што Русија сакала да каже било кажано денеска и дека не разбира за какви закани, провокации и ескалации од страна на Русија се зборува.