Потресно сведоштво на гледач по кое Јанко Илковски ја прекина емисијата: „ Жена ми почина на Инфективна со негативен тест, ѝ го украдоа телефонот и накитот“

Точка

27/01/2022

21:01

15.138

Големина на фонт

а а а

Гледачите на „Јади бурек“ вчера беа сведоци на потресна исповед на еден гледач поради која и самиот водител Јанко Илковски ја прекинал емисијата.

Од неговото сведоштво се гледа во каква состојба е македонското здравство бидејќи раскажал низ што поминал со неговата сопруга и како таа починала.

„Никој не те гледа, не дај Боже да одиш во болница, оставени се луѓето сами на себе“, рече човекот во емисијата.

Голготата започнала откако неговата сопруга имала проблеми со срцето и бубрезите за да биде примена во болница, но требало да лежи со пациент позитивен на Ковид-19, по што била пуштена дома.

После ова сведоштво Јанко ја прекина емисијата!

Траорно сведоштво во „Јади Бурек“: „Ова ли е држава, жена ми почина на инфективна со негативен тест, и го украдоа телефонот и златните алки, pacкажа гледач во солзи“

Posted by infomax.mk on Wednesday, January 26, 2022

Во домашни услови ѝ се влошила здравствената состојба и веднаш била сместена во ковид-болницата на Инфективното одделение. Но за жал, кратко потоа жената починала, а притоа како што тврди нејзиниот сопруг, ѝ бил украден златниот накит и мобилниот телефон.

Водителот Илковски на Фејсбук напиша дека тој и неговиот тим се длабоко потресени од сведоштвото на човекот.

„Целата екипа, заедно со мене, бевме силно и длабоко потресени од траорното и искрено сведоштво на човекот кој неутешно липаше и плачеше додека говореше за загубата на сопствената сопруга. Кога ќе соберам сили, неговото јавување ќе го издвојам и објавам да биде сведоштво што преживувал народов. Не можам да споделам како се чувствував, најмногу поради фактот што не очекував, беше релативно забавна емисија и не се надевав дека ваков крај може да се случи, како бокс во плексус … уште сум потресен“, напишал Јанко на Фејсбук.

Целата екипа, заедно со мене, бевме силно и длабоко потресени од траорното и искрено сведоштво на човекот кој неутешно...

Posted by Janko Ilkovski on Wednesday, January 26, 2022



Спонзорирани линкови

Маркетинг