Поголема и редовна достапност на лекови – што значи укинувањето на квотите воведено во времето на д-р Филипче како министер?

Точка

26/04/2024

13:32

764

Големина на фонт

а а а

Укинувањето на квотите за лековите издадени на рецепта претставуваше значајна и важна реформа во здравствениот систем, воведена во времето на управувањето на д-р Венко Филипче со секторот здравството. Оваа мерка не само што отстрани ограничувања, туку им овозможи на граѓаните поголема достапност до неопходните медикаменти.

Наместо гужви пред аптеките, стравување за достапност на потребната терапија и складирање на домашни залихи на лекови, укинувањето на квотите овозможи терапијата што ја препишуваат матичните лекари да биде достапна во текот на целиот месец.

Оваа новина беше донесена со одлука на Владата и беше воведена во октомври 2019 година, кога со Министерството за здравство раководеше д-р Филипче. Мерката ги намали турканиците пред аптеките во првите денови од месеците и неизвесноста кај граѓаните дали ќе го најдат соодветниот лек кога им е потребно.

Дополнително, достапноста на лековите во текот на целиот месец влеа повеќе доверба кај пациентите дека лекот што им е потребен ќе можат во секое време да го најдат во аптека.

Со оваа одлука, беше проширена мрежата за доставување на лекови без квоти и беа воспоставени дополнителни механизми кои овозможија заштита од злоупотреба.

Покрај тоа, за успешно спроведување на оваа мерка воведена во мандатот на Филипче, беше зголемен и буџетот за оваа намена со цел да се гарантира дека пациентите ќе ја имаат достапната терапија.

Мерката за укинувањето на квотите на лековите кои се издаваат со рецепта исто така овозможи здравствениот систем подобро да планира и да ги следи потребите на пациентите и навремено и соодветно да реагира, за ниту еден граѓанин да не остане без соодветната терапија.

Препишувањето, пак, на лековите на конкретен пациент и можноста само тој или член на неговото најблиско семејство да ги подигне, на долг рок овозможи прецизна проверка дали лековите се доставени на правилните лица за кои се препишани.

Покрај оваа мерка, во времето додека д-р Филипче беше министер за здравство беа поедноставени и процедурите за промена и надополнување на позитивната листа на лекови што се издаваат во аптеките. Имено, систем на ревизија на позитивната листа составен од 14 комисии, беше променет и поедноставен и беше воведена една комисија која врши ревизија на позитивната листа. На тој начин и се модернизираше позитивната листа на лекови за да се овозможи влез на терапии за современ третман на болестите.

Спроведувањето на овие реформи го подобри квалитетот на здравствената услуга и придонесе за зголемување на задоволството на граѓаните.



Спонзорирани линкови

Маркетинг