Инфантино: Со СП на две години, ќе има помалку мигранти што умираат на морињата

Макфакс

26/01/2022

21:09

2.989

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, шокантно тврди дека промената на фудбалскиот календар и одржувањето на светските првенства на секое две години, ќе значи дека помалку Африканци ќе се обидуваат да мигрираат во Европа и така ќе се спречи ризикот од нивно загинување во Медитеранот.

Инфантино зборуваше за својот амбициозен, но и контроверзен план за мундијал на две години на Советот на Европа во Стразбур објаснувајќи дека неговите предлози ќе дадат надеж на фудбалскиот свет надвор од Европа.

„Мораме да им дадеме надеж на Африканците за да не мора да го преминуваат Медитеранот за да најдат подобар живот, а најверојатно смрт на море. Мораме да им дадеме шанси за достоинство, не со добротворни акции, туку со тоа што ќе му дадеме на остатокот на светот шанса да учествува“, вели, меѓу другото, Инфантино.

Токму во Европа, но и во Јужна Америка, неговите планови наидоа на најголем отпор бидејќи развиените фудбалски нации сметаат дека со често одржување на СП ќе се загуби од важноста на турнирот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг