Ова е највалканиот дел од сечие тело: Дали му посветувате доволно внимание?

Точка

26/01/2022

16:22

22.764

Големина на фонт

а а а

Редовното капење е составен дел од основната хигиена, но дури и они кои го прават тоа повеќе од што треба, понекогаш не се имуни на бактерии.

Еден дел од телото важи за највалкан, а особено поради тоа што му посветуваме многу малку внимание.

Делот од телото на кој често не му посветуваме доволно внимание е папокот. Неговата хигиена не треба да се занемари, а најчесто обично туширање за него не е доволно.


Истражувањата покажуваат дека над 60 различни видови бактерии можат да се акумулираат во просечен папок (и неговите набори).

„Во него може да се акумулира пот, мртви клетки на кожата, маснотии, остатоци од ткаенина, бактерии и сето тоа се претвора во папочен 'камен' или т.н. омфалитис“, објаснува д-р Каран Рајан.

Нечистотијата што се наталожува во папокот може да предизвика инфекции придружени дури и со силна болка и црвенило, иритација, чешање и непријатен мирис.


Без разлика каква форма има, со вдлабнатина навнатре или не, папокот треба да се чисти секое капење. Оваа област лесно ја покривате со прстите и со вода, внимавајќи да не се повредите, бидејќи раните на папокот прилично тешко зараснуваат.

Исто така, еднаш неделно можете да го чистите со нежна крпа или стапче за уши кое претходно сте го потопиле во сапун и вода.

Доколку забележите дека вашиот папок има инфекција, не двоумете се да побарате помош од дерматолог или општ лекар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг