Во најсреќната земја на светот постојат „трезни вторници“, пушењето се смета за грев, а полиандријата сè уште живее

Точка

26/01/2022

16:11

56.821

Големина на фонт

а а а

Најсреќната, најзелената и единствената земја во светот со негативен јаглероден отпечаток која брои население од 800.000 жители, главно будисти, е многу уникатно место.

Во Бутан на секој чекор можете да наидете на интересни работи кои ги воодушевуваат или збунуваат жителите од другите краеви на светот. Една од нив е фактот дека во Бутан е забрането убивањето животни, а најголемиот дел од жителите се вегетаријанци и вегани. Месото кое се јаде пристигнува од месарниците во Индија, а покрај забраната за убивање, забрането е и сечење дрвја без посебна дозвола. Тука спаѓа и риболовот во реките и езерата „без документи“, а криволовците можат да завршат во затвор.


Посетителите на оваа земја би можеле да останат изненадени од правилото на „трезен вторник“, единствениот ден во неделата кога не е дозволено да се пие алкохол. Повеќето се придржуваат до правилата, но ако сте многу „жедни“, ќе најдете места каде се точи „на црно“. Во таквите кафулиња алкохолот се точи во шолји за чај.


Во Бутан пушењето цигари се смета за грев, а тутунот за растение кое израснало од крвта на демоните. Од 2010 година е забрането производството и продажбата на тутунски производи, па затоа пушачите најчесто ги шверцуваат цигарите од Индија. Но, поради пандемијата мерките попуштиле бидејќи шверцерите заедно со цигарите „носеле“ и коронавирус, па од неодамна тие можат да се купуваат во специјализирани продавници.


Иако можеби мислите дека жителите на една од најсреќните земји во светот се трезни поголемиот дел од времето, тоа не е точно. Бутан има највисока стапка на потрошувачка на алкохол по глава на жител во Јужна Азија. Во земјата има повеќе од 5 илјади барови, а околу 700 од нив се наоѓаат во главниот град Тимбу. Од вина до виски, производството на алкохолни пијалаци во Бутан е солидно развиено.

Покрај тоа, Бутан е една од ретките земји во светот каде сè уште живее полиандријата која на жените им дозволува да имаат повеќе сопрузи. Иако оваа пракса повеќе не е толку распространета како во минатото, таа сè уште постои во запуштените краеви на земјата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг