Докторите велат дека еден „фантомски“ симптом може да покаже дека сте прележале коронавирус

Точка

25/01/2022

13:30

40.101

Големина на фонт

а а а

Коронавирусот владее во светот веќе две години, а сите досега слушавме и читавме многу работи за неговите симптоми, како што се – зголемена телесна температура, кашлица, губење на сетилото за мирис и вкус, проблеми со стомакот.

Но, како што се појавуваат новите соеви, каков што е омикрон сојот кој моментално е доминантен во светот, така и симптоматологијата на овие системски болести станува разновидна.


Докторите наведуваат дека кај одреден број од пациентите кои прележале коронавирус по закрепнувањето забележано било појавување на т.н. „фантомски“ мирис.

Овој израз се користи во медицината за дефинирање на сензации кои не се вкоренети во реалната состојба на работите.

„Фантомски“ мирис ќе чувствуваат оние кои прележале коронавирус, а според една американска судија, најчесто тоа ќе биде мирис на чад или пак ѓубре.

Необичниот симптом во една американска болница бил пријавен кај 25 отсто од пациентите, пренесува „Блиц“.


Доколку сте биле во контакт со заразена личност или пак сте се чувствувале исцрпено и можеби сте кашлале, а после некое време сте почувствувале промена во сетилото за мирис, можно е да сте прележале коронавирус.

Но, други доктори предупредуваат дека премногу честото чувствување на „фантомските“ мириси може да биде знак за други опасни болести, па најдобро би било да посетите доктор и да се консултирате со него.




Спонзорирани линкови

Маркетинг