Аки Рахимовски во последното интервју за „Бекстејџ“ се потсетил и на Тоше: „Секогаш кога ќе го слушнам на радио, душата ми плаче“

Точка

25/01/2022

11:22

9.826

Големина на фонт

а а а

Пејачот на култната група Аки Рахимовски ненајдено почина на 67 години.

Смртта на Аки го потресе регионот, неговите колеги, пријатели, соработници, фанови тагуваат по загубата на пејачот.

Откако пред неколку дена му биле вградени четири стента во загрепската клиника, Рахимовски во саботата колабирал додека бил на прошетка со сопругата во Ново Место, каде што живееше последните години и подоцна починал во тамошната болница.

Последното интервју за македонски медиум, Аки го дал за естрадниот магазин „Бексјтеџ“.

Во интервјуто тој зборува за мозочниот удар, за кариерата, а се потсетил и на Тоше Проески.

„63 години, па мора нешто да ме погоди. Сега сè е добро, сè е океј. Нешто не смеам да јадам, во секој случај подготвен сум да одиме понатаму“, одговара Аки.

„Ова ми е втора младост. Се чувствувам сè уште млад и сè уште сум полн со енергија“.

Аки често се сеќаваше на Тоше, но не сакаше во јавност многу да зборува за него.

„Јас не сакам многу да зборувам за Тоше. Тоше е личност со која се дружев и секогаш кога ќе го слушнам на радио или ќе гледам интервјуа душата ми плаче“, искрено вели Рахимовски во интервјуто.

Денеска (25.01.2022) Тоше Проески ќе наполнеше 41 година.

Вечна слава легенди!



Спонзорирани линкови

Маркетинг