Лажна банана: Растение кое може да нахрани 100 милиони луѓе и да го спаси човештвото од глад

Точка

24/01/2022

10:15

20.336

Големина на фонт

а а а

Енсетот (или лажна банана) има потенцијал да стане суперхрана, пишува „BBC“.

Според истражувањето објавено во „Environmental Research Letters“, растението слично на банана кое расте во Етиопија има потенцијал да нахрани повеќе од 100 милиони луѓе во светот кој се соочува со глобалното затоплување.


Растението е речиси непознато надвор од Етиопија, каде од него се прави каша и леб. Оваа лажна банана има потенцијал да се одгледува низ Африка, а би можела да добие и статус на суперхрана, пишува „BBC“.

„Ова е растение кое може да игра важна улога во решавањето на проблемите со безбедноста на храната и одржливиот развој“, вели д-р Вендавек Абебе од Универзитет во Етиопија.


Сепак, плодот од растението слично на банана не може да се јаде, но скробните стебла и корени може да се ферментираат и да се користат за правење каша и леб, помагајќи во борбата против гладот ​​и да биде клучен играч во борбата против климатските промени.

Д-р Џејмс Борел, кој учествувал во студијата, споменал дека садењето на енсетот како заштитена култура може да помогне да се зголеми безбедноста на храната.


„Енсетот има некои навистина необични карактеристики кои го прават апсолутно уникатен како растение. Можете да го засадите во секое време, да го наберете во секое време и тоа е повеќегодишно растение. Затоа го нарекуваат дрво против глад“, вели Борел.




Спонзорирани линкови

Маркетинг