Научниците утврдија дека постои идеална старосна разлика меѓу љубовните партнери – според оваа формула

Точка

21/01/2022

14:48

77.858

Големина на фонт

а а а

Некои од луѓето велат дека им одговара кога нивниот партнер е повозрасен, некои ќе се согласат со теоријата „колку помладо толку послатко“, а на некои од луѓето годините воопшто не им се важни.

Што и да зборуваат луѓето, научниците тврдат едно - идеална старосна разлика меѓу партнерите сепак постои.

Научниците Брам Бунк и Даглас Кенрик, откриле дека постои математичка формула за пресметување на „социјално прифатливата“ старосна разлика меѓу љубовните партнери.

Напишете го вашиот број на години, поделете го со два, а потоа додадете седум години, а тоа треба да биде границата под која не треба да одите.


Правилото ви помага на начин да ве држи во старосниот распон кој ќе ги „обезбеди“ заедничките интереси со вашиот партнер, а веројатно ќе овозможи и подобра комуникација - вели експертот за односи Дејвид Бенет.

Нормално, експертите се согласни дека не треба слепо да се водите по овие правила поради тоа што некој може да биде помлад/постар, па повторно да изненади со (не)зрелоста и однесувањето.

Ова може само да ви помогне во насочување кон некој со кој може да создадете одржлив однос, пренесува „Yahoo“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг