Оваа зоолошка градина е прогласена за најдобра во Европа, шеста година по ред

Точка

18/01/2022

19:32

60.191

Големина на фонт

а а а

Британскиот експерт за зоолошки градини, Ентони Шеридан, ја избрал зоолошката градина Шенбрун во Виена за најдобра во Европа, шеста година по ред.

Во категоријата градини со повеќе од 1 милиони посетители во текот на годината, Шенбрун е на првото место пред зоолошките градини во Лајпциг и Цирих.

Од почетокот на рангирањето во 2008 година, виенската зоолошка градина се наоѓа на врвот на листата. Вкупно 126 зоолошки градини од 29 земји учествувале во рангирањето. Оценувани се во 40 категории како што се одгледување на животните, заштита на видовите, биодиверзитет, зоо-педагогија, истражување, број на посетители, чувари, маркетинг и гастрономска понуда.

Зоолошката градина Шенбрун веќе долго време претставува не само прилика за одмор туку и место за истражување, образование, но и за зачувување на видовите.

Во последните години, оваа зоолошка градина бележи повеќе значајни настани како успешно одгледување коали, отворање нов објект за берберски макаки (вид мајмун) и берберски овци, раѓање на 4 гепард младенчиња и потомство на поларни мечки.

„Прогласувањето за најдобра зоолошка градина во Европа е важно признание за нашата работа. Една од нашите примарни цели е да го спречиме изумирањето на видовите“, изјавил Штефан Херинг-Хагенбек, директорот на Шенбрун во Виена.




Спонзорирани линкови

Маркетинг