Први фотографии: Ѓоковиќ во придружба на полиција на аеродромот во Мелбурн

Точка

16/01/2022

12:47

2.260

Големина на фонт

а а а

Првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ, бил фотографиран на аеродромот во Мелбурн од каде треба да ја напушти Австралија.

Ова се едни од првите фотографии на српскиот ас, од моментот кога Федералниот суд во Австралија наложи дека мора да ја напушти земјата.

Алекс Хок, министерот за миграциски прашања на Австралија, му ја укина визата на Ѓоковиќ, а судот ја поддржа неговата одлука, па Ѓоковиќ е депортиран од земјата.

Фотографиите од Новак од аеродромот можеби ќе бидат едни од последните кои ќе протечат во јавноста наредните седмици, поради тоа што тој изјави дека нема да се огласува по прашањата за цела ситуација сè до крајот на Австралија опен.

Покрај Ѓоковиќ на фотографиите е и тренерот Горан Иванишевиќ и Улисес Бадио.

Инаку. Австралија опен започнува во понеделник, а Ѓоковиќ иницијално имаше закажан натпревар во првото коло со Миомир Кецмановиќ.

Но, по одлуката на судот Кецмановиќ добива нов ривал, Ѓоковиќ ќе треба да ѝ плати половина милион долари на Австралија и во земјата нема да може да влезе три години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг