Ѓоковиќ со прв коментар по одлуката за депортација: Ќе земам малку време

Дерби

16/01/2022

09:54

4.311

Големина на фонт

а а а

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ доби лоши вести откако австралискиот суд сепак не му ја прифати жалбата, па ќе се постапи по одлуката на министерот за имиграција, Алекс Хок кој претходно му ја укина визата за престој.

Светскиот тенисер број еден сега ќе мора да ја напушти Австралија, а се соочува и со дополнителна забрана за влегување во земјата во следните три години.

По ваквиот исход на настаните, во јавноста со коментар се јави и самиот Ѓоковиќ кој упати смирен коментар нагласувајќи дека ја почитува одлуката на австралиските власти.

– Би сакал да дадам кратка изјава со која би ги заокружил случувањата во судот. Ќе земам малку време за да одморам и да соберам енергија пред да давам други коментари за сето ова.

– Многу сум разочаран со одлуката судот да ја одбие мојата апликација за судско разгледување на одлуката на министерот кој ја откажа мојата виза. Тоа значи дека не можам да останам во Австралија и да учествувам на Австралија Опен.

– Ја почитувам одлуката на судот и ќе соработувам со релевантните власти околу мојата депортација. Не ми е пријатно што фокусот изминативе недели беше на мене и се надевам дека сега сите ќе се сконцентрираме на играта и турнирот кој го сакам.

– Би сакал да им посакам на играчите, официјалните лица на турнирот, вработените, волонтерите и навивачите се најдобро, -изјави Ѓоковиќ.

Инаку, Австралија Опен започнува на 17. јануари, овојпат без владетелот на подлогата во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ.