Веќе нема назад: Ѓоковиќ го изгуби случајот и на суд, ќе биде депортиран од Австралија

Дерби

16/01/2022

09:50

1.467

Големина на фонт

а а а

Федералниот суд во Австралија донесе конечна одлука и понеколкудневните натегања е одлучено на Новак Ѓоковиќ сепак да му биде одбиена визата.

Судскиот совет составен од судиите Џејмс Алсоп, Ентони Бесанко и Дејвид Окалахан донеле одлука која е против српскиот тенисер, односно не била прифатена жалбата на неговите адвокати откако претходно министерот за имиграција на Австралија, Алекс Хок ја укина неговата виза.

Според судскиот совет, аргументите на правниот тим на Новак Ѓоковиќ немале доволна тежина.

Откако сите засегнати страни ги дале своите искази, судиите се повлекле и конечно донеле одлука со која на Новак Ѓоковиќ му забрануваат да остане во Австралија.

Сега српскиот тенисер се соочува со депортација, а освен тоа голема е веројатноста да добие и забрана за влез во државата во следните три години.