Со образложение дека покачувањето на цената не е донесена од интерес, туку со цел да се покријат трошоците што ги имаат автошколите, дел од автошколите дадоа известување дека обуката за возачка дозвола поскапува.
Цената за обука за возачка дозвола за автомобил, Б-категорија, во Скопје, од 1 јануари 2022 година ќе се покачи на 24.500 денари. Ваквата одлука ја донеле 30-ина скопски автошколи на состанокот кој го имале неодамна. Сегашната минимална цена за обука за возачка дозвола изнесува 19.300 денари.
Дел од автошколите се изјасниле и дека во другите градови ова поскапување се случило уште пред некое време и дека истото некаде достигнало цена и до 25.000 денари.
Потврден одговор за точноста на информацијата добивме и од Авто Школа Мобилити. дека со секоја уплата до 31.12.2021 година обуката за возачкиот испит се наплаќа како и досега, со можност за користење на услугите и во 2022 година, а веќе од 1-ви јануари стапува на сила новиот договор во однос на цената. Повеќе информации за новитетите и условите може да добиете на контакт број: 072 228 195