Глумецот го прекинал интервјуто за да гледа како позира неговата девојка

Точка

16/12/2021

16:00

7.558

Големина на фонт

а а а

Интересен детаљ од премиерата на филмот "Spider-Man: No Way Home" во Лос Анџелес привлече големо внимание во јавноста. Имено, Том Холанд го прекинал интервјуто за да ја гледа Зендаја како позира.

Парот позирал заедно на црвениот тепих таа ноќ, а пред тоа Том зборувал за Entertainment Tonight и во тој момент пристигнала Зендаја.

Том зборувал за своето досегашно искуство како Спајдермен, колку му значи и колку напорно работеше на овој филм.


Меѓутоа, во текот на интервјуто бил "вознемирен" од врисоци кога некој зачекорил на црвениот тепих. Тој го стопирал интервјуто кога сфатил дека станува збор за Зендаја.

"Мислам дека Зендаја се појави", рекол Том со насмевка на лицето, прекинувајќи го интервјуто.