Тој е најскромната ѕвезда на Холивуд, најпотценетиот актер и сакан од цела јавност: Ова се сите животни трагедии поради кои го нарекуваат и најтажен човек на светот

Точка

13/12/2021

22:44

11.832

Големина на фонт

а а а

За еден од најдобрите актери во Холивуд, често зборуваат дека не старее поради тоа што секогаш изгледа совршено, неговиот живот е преполн со трагедии и тешки моменти, сепак тој секогаш оди понатаму и не престанува да нè воодушевува со својата појава, едноставност и талент.

„Маtrix“ е еден од оние филмови на кој секогаш му се враќаме и кој во одреден момент од животот можеме да го погледнеме во вистинско светло, а по повод премиерата на новото продолжение на серијалот со наслов „The Matrix Resurrections“, „Independent“ се присетил на најтажните моменти од неговиот живот.

Имено, тие заклучиле дека тој е најпотценетиот актер на својата генерација, а го нарекуваат и најтажниот човек на светот.


Зад глумата е неговиот тежок живот кој содржи многу трагедии, почнувајќи од раното детство, поради тоа што неговиот татко бил зависник од хероин кој го напуштил семејството кога Кијану имал само три години, по што неговата мајка три пати се венчала.

Тој пател од дислексија и никогаш не матурирал.

Уште една голема трагедија која го погодила е тоа кога неговиот најдобар пријател, младиот актер Ривер Феникс починал од предозирање во 1993 година. Актерот никогаш не се помирил со неговата смрт.


„Ривер беше неверојатен човек и актер. Совршено се согласувавме и многу ми недостасува. Често мислам на него“, изјавил Кијану во една прилика.

Пет години подоцна се случила уште една трагедија, имено неговата тогашна девојка, актерката Џенифер Сим, била во осмиот месец од бременоста по што го загубила своето дете.

Потоа, парот раскинал, а Џенифер паднала во рацете на пороците. Една година и пол подоцна починала во сообраќајна несреќа враќајќи се од забава на рок пејачот Мерилин Менсон, а Кијану по нејзината смрт бил целосно скршен.


Како сето тоа да не било доволно, набрзо потоа сестрата на Кијану се разболела од леукемија, а тој станал нејзин старател. Поради тоа актерот често донира пари за кампањите против канцер.

Сепак, без оглед на сите негови животни тешкотии, Кијану го бие глас дека е најпријатниот соработник во Холивуд, а чести се и неговите подароци за екипите од сетот на филмовите.

Исто така за него велат дека е најскромната ѕвезда, па така иако „тежи“ повеќе од 360 милиони долари и натаму се вози во подземна железница.


„Парите се последната работа на која мислам затоа што со ова што досега сум го заработил би можел да живеам наредните неколку векови“, изјавил своевремено актерот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг