Бајден со порака до Путин: Русија ќе претрпи катастрофални последици ако ја нападне Украина

Макфакс

12/12/2021

15:00

4.867

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден изјави дека му рекол на рускиот претседател Владимир Путин дека Русија ќе плати страшна цена доколку одлучи да ја нападне Украина. Ова како што пишуваат американските медиуми, Бајден му го рекол на Путин на виртуелен состанок во вторникот, а слична порака по средбата испратиле и министрите за надворешни работи на Г7.

„Јасно му кажав на претседателот Путин дека ако оди во Украина, последиците за неговата економија ќе бидат погубни“, им рече Бајден на новинарите откако го коментираше смртоносното торнадо што опустоши неколку американски држави.

Исто така, Бајден им повторил на новинарите дека испраќањето американски војници во Украина не е опција што е на маса, иако САД и НАТО ќе мора да го зајакнат источното крило на НАТО.

Новиот шеф на германската дипломатија Аналена Баербок изјави дека Г7 се согласиле преговорите меѓу Киев и Москва да продолжат во т.н. Нормандиски формат со посредство на Германија и Франција, пренесуваат германските агенции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг