Три имиња се издвојуваат како можни наследници на Веселин Вујовиќ во Вардар

Дерби

12/12/2021

12:17

26.046

Големина на фонт

а а а

И третата авантура на црногорскиот стратег, Веселин Вујовиќ во таборот на Вардар дојде до самиот крај откако вчера беше одлучено да биде прекината соработката со миленикот на скопската публика.

Причината за разделбата се седумте порази по ред во Лигата на шампионите, како и неколкуте киксови на тимот во домашниот шампионат.

Вардарци останаа без тренер токму пред клучниот натпревар од домашниот шампионат против Еурофарм Пелистер со кого имаат идентичен број на бодови на првенствената табела.

Во следните два натпревари до крајот на првиот дел од сезоната, Вардар против Пелистер и Бутел ќе биде предводен од досегашниот помошник на Вујовиќ, Владо Недановски, а веќе по Нова година се очекува и ангажман на новиот тренер.

Чаршијата во Скопје шпекулира дека во опција се три тренерски имиња кои би можеле да го заменат Вујовиќ на жешката клупа во „Јане Сандански“.

Словенецот Урош Зорман кој во моментов работи во Тримо Требње се наметнува како прв фаворит за нов тренер на „црвено црните“, а во опција се и стратегот кој добро ги познава Скопје и Вардар, Давид Дејвис Камара, како и Славко Голужа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг