Путин: "Западот ѝ се спротивставува на Русија затоа што му е конкурент"

Точка

09/12/2021

20:03

4.417

Големина на фонт

а а а

Тој објаснил дека зајакнувањето на суверенитетот би можел да биде можен одговор на западните санкции.

Западот ја започнал својата политика на спротивставување на Русија бидејќи земјата почнала да излегува од тешкотии и да се развива како конкурент, смета рускиот претседател Владимир Путин.

"Западот почна да води таква политика кога Русија почна да се извлекува од своите потешкотии, посебно кога го врати своето уставно единство, што не беше лесно да се направи, кога почна да се развива, видоа дека Русија станува конкурент, како во политичката арена, така и во областа на меѓународната безбедност", рекол Путин на состанокот со учесниците на Конгресот на млади научници, пренесува "Tass".

Путин смета дека ограничувањата и санкциите се воведуваат под изговор за зачувување на безбедноста на САД, но тоа е тотална бесмислица, бидејќи според него станува збор за обид за спречување на развојот на Русија.

На состанокот со учесниците на Конгресот на млади научници во Сочи, Путин зборувал за санкциите кои американската страна ги вовела против Институтот за физика и технологија во Москва кон крајот на ноември.


"На кој начин Институтот ја загрозува безбедноста на САД. На никој, тоа е глупост. Постои само едно објаснување, обид за спречување на развојот", оценил Путин.

Тој објаснил дека кон средината на 90-тите години од минатиот век Русија на сите им била добра и им се допаѓала "кога и праќале компири во рамките на хуманитарната помош".

"Благодарни сме за тоа, многумина тоа искрено го правеа, знам и искрено зборувам за тоа, бидејќи разговарав со тие луѓе во Санкт Петерсбург", додал Путин.

Според неговите зборови, кога Русија почнала да излегува од тешката ситуација, кога почнала да се развива, почнале да гледаат на неа како конкуренција, па ситуацијата се променила и на политичката сцена, и во меѓународната сфера, и во производството, наука, енергетиката...


"А тоа повеќе не им се допаѓа. И нашите таканаречени партнери почнаа да водат политика на спротивставување", констатирал Путин.

Тој објаснил дека зајакнувањето на суверенитетот би можело да биде можен одговор на западните санкции.

"Понекогаш се стекнува впечаток дека различни политички сили во САД едноставно се натпреваруваат меѓусебно, покажувајќи го своето антируско расположение, и така заработуваат поени во внатрешната политика", рекол рускиот претседател.

Путин низ шега нагласил дека последните денови постојано разговара за санкции, и дека тие меѓу другото, биле и тема во текот на разговорот со Џозеф Бајден.


Американскиот и рускиот претседател во вторникот, преку видео состанок кој траел повеќе од два часа, разговарале за Украина и другите спорови во руско-американските односи.

Според соопштението на Белата куќа, Бајден му пренел на Путин дека Западот е загрижен дека Русија ќе ја нападне Украина и го предупредил на силни економски санкции кои би уследиле ако Москва започне воен судир.

Од Кремљ по состанокот било соопштено дека путин го повикал Бајден да се престане со праксата за префрлање на одговорноста за ескалацијата на ситуацијата околу Украина на Русија, и дека целиот разговор го оценил како искрен и работен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг