Бајден ќе направи значајна отстапка за Русија?

Точка

09/12/2021

09:44

4.747

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Џо Бајден направил значајна дипломатска отстапка за Русија со изјавата дека се подготвува средба на која ќе биде разгледана загриженоста на Москва поради ширењето на НАТО, пишува "Financial Times".

Како што наведува британскиот дневник, Москва сака Алијансата да ја преземе одговорноста на себе и да се откаже од ширењето на исток и да се воздржи од распоредување на контингенти во земјите кои се граничат со Русија, а кои може да бидат употребени за напад на неа.

"Но, споменувањето на потенцијален компромис со Москва во источна Европа на Бајден ги плаши источноевропските членки на НАТО и сојузници на САД кои стравуваат дека Путин ги искористил заканите за примена на воена сила за да добие отстапки по прашањето за военото присуство на Америка во Европа", наведува "FT".


Точниот датум на средбата на највисоко ниво ќе биде најавен на крајот на неделата, било соопштено претходно во Белата куќа, а на самитот покрај Русија и Америка ќе учествуваат и уште четири клучни сојузници на Вашингтон, иако Бајден не прецизирал за кои земји станува збор.

Потсетуваме, во вторникот бил одржан разговор меѓу Бајден и Путин преку видео врска, кој траел околу два часа. Помошникот на рускиот лидер, Јуриј Ушаков, соопштил дека претседателот на Русија, Владимир Путин, на својот американски колега Џозеф Бајден му зборувал за црвените линии и за заканите кои ја загрижуваат Москва.


Американскиот лидер, од своја страна, изразил загриженост поради заострувањето на ситуацијата околу Украина. Според зборовите на Ушаков, шефот на Белата куќа исто така го предупредил Путин дека САД подготвуваат големи санкции во случај на понатамошна ескалација на ситуацијата околу Украина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг