Претставена првата хипер јахта на светот инспирирана од „Ferrari“ – има посебно место за вашиот автомобил

Точка

07/12/2021

18:40

52.396

Големина на фонт

а а а

Познатото „Lazzarini Desing Sudio“ го претстави концептот на првата хипер јахта на светот – „Gran Turisimo Mediterranea“.

Луксузното пловило е долго 27 метри, додека пак дизајнот е инспириран од „Ferrari“ автомобилите.

Не можете да не ја забележите славната црвена нијанса (Rosso Corsa), како ниту ознаките од италијанскиот автомобилски бренд.


Командната кабина е уредена како тркачки кокпит, вклучувајќи спортски седишта и gullwing врата. Секако посебно место е сочувано за вашиот скапоцен автомобил и тоа на задната палуба.

Внатрешноста на јахтата е доволно пространа за четворица патници и три членови на посадата, пренесува британски „The Sun“.

„GTM“ не е мегајахта со базени, теретана, дискотека и кино, но е исклучително атрактивна, комфорна и визуелно импресивна.

Ја придвижуваат два MAN V12 агрегати, а поседува „крилја“ со помош на кои лебди на брановите, при брзина до 130 км/ч.


Лазарини истакнува дека станува збор за концепт кој во овој момент не е планиран за изработка. Но, којзнае... Можеби ќе се најде некој љубител на „Ferrari“ чиј џеб е доволно длабок за ваков потфат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг