Поранешната лидерка на Мјанмар осудена на четири години затвор

Макфакс

06/12/2021

09:29

2.404

Големина на фонт

а а а

Судот во Мјанмар ја осуди соборената лидерка Аунг Сан Су Чи на четири години затвор, објавија агенциите.

Владиниот портпарол изјави дека Су Чи добила две години затвор за поттикнување и две години затвор за кршење на мерките против Ковид- 19.

Тој изјави дека поранешниот претседател Вин Мајнт исто така е осуден на четири години затвор по истите обвиненија.

Според неговите изјави тие се уште нема да бидат однесени во затвор.

„Тие ќе се соочат и со други обвиниенија“, додаде тој, без да даде други детали.

Светските агенции цитираат извори запознаени со текот на судењата, кои исто така кажале дека поранешните функционери биле осудени на четири години затвор.

Ова е прв од десетиците случаи што војската на Мјанмар ги покрена против Су Чи откако ја презеде власта со воениот удар на 1-ви февруари.

Другите случаи против неа вклучуваат повеќекратни обвиненија за корупција, кршење на законите за државни тајни и законите за телекомуникации, од кои сите предвидуваат максимална затворска казна од повеќе од 100 години.

Су Чи ги негира сите обвиненија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг