Почина српскиот кошаркар Јеловац, кој доби мозочен удар на тренинг на АЕК

Макфакс

05/12/2021

23:16

13.934

Големина на фонт

а а а

Поранешнито српски репрезентативец, Стеван Јеловац почина по поседиците од мозочниот удар кој го доби на тренинг со неговиот клуб АЕК Атина на 14 ноември, потврди грчкиот клуб.

По колапсот, тој беше во клиника во Атина, по што пред неколку дена бил префрлен во својата татковина, каде што почина.

32-годишниот Јеловац е роден во Нови Сад, а во кариерата играше за Црвена звезда, Анталија, Сарагоса, Газијантеп и АЕК. Тој дебитираше за српската репрезентација на 28 години, и помогна во пласманот на Светското првенство во 2019 година.