Наоми Кемпбел ја отвори модната недела во Дубаи и воодушеви со изгледот

Точка

04/12/2021

16:30

12.086

Големина на фонт

а а а

Манекенката Наоми Кемпбел ја отвори модната недела во Дубаи под името Arise Fashion Week која се одржува во хотелот Армани.

Наоми е во светот на модата цели 36 години и важеше за една од најбараните манекенки на светот. Arise Fashion Week е совршен спој на нигериска музика и мода. Таа носела модни комбинации од неколку дизајнери како Кенет Иза, Ландр Да Силва Ајаји, Банк Кука и Лиса Фолавијо.


Во септември беше прогласена за амбасадорка на организацијата The Queen's Commonwealth Trust. Ќе се залага за промовирање на работата на младите лидери. Извршниот директор Кристофер Кели претходно навел дека именувањето на познати јавни личности како што е Наоми ѝ помогна да организацијата да продолжи со работа.


Меѓутоа, не е се така идеално. Хуманитарната организација Fashion For Relief, која ја основала Наоми е под истрага поради сомнение за кршење на прописите кои се однесуваат во однос на организацијата и нејзините финансии.




Спонзорирани линкови

Маркетинг