Ребека со емотивна порака до својот син: „Еден ден кога мама ќе ја нема, нема да можеш да се заштитиш од свет на кој не му е грижа за лицата со попреченост“

Точка

03/12/2021

17:04

11.874

Големина на фонт

а а а

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост, а во пресрет на истиот се огласи и Ребека Јанковска-Ристески.

Пејачката е позната во јавноста и како гласноговорник за правата на лицата со попреченост и ретки болести бидејќи е мајка на едно такво дете.

Нејзиниот син Маркијан боледува од ретка болест, а таа е негова најголема подршка и секогаш отворено зборува за унапредувањето на правата на овие маргинализирани лица и ги споделува своите искуства.

Види синко, мама е тука,но кога ќе остаре мама и кога ќе ја нема еден ден во ова општество сам нема да можеш можеби ни...

Posted by Rebeka Jankovska Risteski on Tuesday, November 30, 2021

„Види синко, мама е тука, но кога ќе остаре мама и кога ќе ја нема еден ден во ова општество сам нема да можеш можеби ни да купиш нешто за јадење, а камо ли да се заштитиш од сиот тој свет на кој не му е грижа за лицата со попреченост. Освен со Божја волја ако се случи некое чудо. Отприлика вакви се мислите на родителите на лицата со попреченост. Ако имате барем малку сочувство за овие лица секој еден од вас нека направи она што е во негова моќ и нека не врти глава. Лицата со попреченост тоа го заслужуваат“, вели Ребека во својот Фејсбук статус.