Дали знаете колку заработува Мараја Кери благодарение на песната „All I Want For Christmas Is You“?

Точка

03/12/2021

13:20

8.374

Големина на фонт

а а а

Мараја Кери добива огромна сума на пари секоја божиќна сезона за својот хит „All I Want For Christmas Is You“.

Според податоците на „Business Insider“, пејачката од песната заработила вкупно 60 милиони долари, со тоа што синглот ѝ носи дополнителни милион долари секоја божиќна сезона.

Кери била коавторка и копродуцентка на песната со Волтер Афансиф (познатиот продуцент на песната на Селион Дион 'My Heart Will Go On'), за нејзиниот четврти студиски албум и прв празничен албум, „Merry Christmas“.

Наводно, дуото ја напишало и продуцирало песната за само 15 минути. Објавена е во 1994-та година и стана божиќен хит, па секоја година има голем број прегледи.

Во извештајот на „Business Insider“ за 2018-та година, се проценува дека Кери заработила повеќе од 60 милиони долари на песната. Според „Celebrity Net Worth“, песната секоја година заработува помеѓу 600.000 и милион долари.

„All I Want for Christmas Is You“ е најголем меѓународен хит на Мараја Кери, кој била на врвот на топ листите во 26 земји.

Во 2019-та година пенсата првпат го заземала врвот на Билборд Hot Листата, дури 25 години по излегувањето, соборувајќи го светскиот рекорд за најдолг пат до број еден.

Во 2020-та година песната првпат го достигнала првото место во Велика Британија, откако поминала рекордни 69 седмици помеѓу 40-те најдобри.

Тоа е најпродаваниот божиќен сингл на една уметничка и една од најпродаваните песни во историјата на музиката, со вкупно проценета продажба - повеќе од 16 милиони примероци.

Кери заработила вкупно 520 милиони долари во текот на својата 33-годишна кариера.