Чизбургер со заби, крофна и лик од цртан филм: Руски рибар и неговиот бизарен улов

Точка

02/12/2021

17:47

9.663

Големина на фонт

а а а

Рускиот рибар Роман Федортсов станал популарен на социјалните мрежи благодарение на фотографиите од својот, често несекојдневен улов.

39-годишниот Федортсов лови бакалар, пишмол и скуша и понекогаш неговите мрежи паѓаат на длабочина поголема од 900 метри.

Кога тоа ќе се случи, Федортсов често наоѓа бизарни морски суштества, кои личат на чизбургер со заби или крофна.

Благодарение на фотографиите од овие речиси па вонземјански суштества кои ги објавува на социјалните мрежи, Федортсов станал интернет сензација.

Повеќето суштества, Федортсов ги уловил во Норвешкото и Баренцовото море, но неколку фатил и во длабочините на Атлантикот.

И покрај коментарите на многумина, Федортсов вели дека сите риби кои ги фаќа се фасцинантни и ни блиску до грозни чудовишта како што многумина ги нарекуваат. "На свој начин сите тие суштества се прекрасни".



Спонзорирани линкови

Маркетинг