Што најмногу се слушаше оваа годинa?

Точка

02/12/2021

16:16

6.963

Големина на фонт

а а а

Поп ѕвездите Ед Ширан, Тејлор Свифт и Бед Бани се помеѓу најстримуваните уметници на 2021 година, според податоците од „Apple Music“ и „Spotify“, а најслушани песни се оние на Оливија Родриго, Дуа Липа и корејскиот бенд „BTS“.

Оливија Родриго го зазеде првото место со својата панк-поп химна „Good 4 U“ која е најслушаната песна на двата сервиси. Глобално, нејзиниот дебитантски хит „Drivers Licence“, благодарение на ТикТок стигна до врвот на најслушани песни на „Spotify“.

Публиката на „Apple“ го претпочитала синглот „Dynamite“ на корејскиот „BTS“ кој е „најзвучна“ песна на годината на оваа платформа.

Првично објавена во 2020 година, „Dynamite“ не успеа да стигне до најдобрите 5 песни на „Spotify“ – веројатно затоа што сервисот беше покренат дури оваа година во матичната земја на бендот, Јужна Кореја.

Диско-поп одисејата „Future Nostalgia“ на Дуа Липа стана вториот најстримуван албум на „Spotify“, по „Sour“ на Оливија Родриго.

„Bad Habits“ на Ед Ширан, посебно објавена како саундтрак за летото по карантинот е трета најслушана песна на „Spotify“ за 2021 година. Но, истата го зазеде дури 53-то место на листата на „Apple“.

Според „Spotify“, најпопуларен уметник на годината е порториканскиот рапер Бед Бани кој собрал импресивни 9,1 милијарди стримови.

„Не сакам да бидам уметник број 1 со најголем број стримови“, изјавил 27-годишниот рапер откако ја чул веста.

„Јас само правам музика. Само уживам во мојата работа“.

Тејлор Свифт која оваа година објави нови верзии од своите култни албуми „Fearless“ и „Red“ е вториот најстримуван артист на „Spotify“, а по неа следуваат „BTS“, Дрејк и Џастин Бибер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг