Салах го реши Евертон, па со два збора го искоментира местото кое го доби во трката за „Златната топка“

Дерби

02/12/2021

13:56

2.230

Големина на фонт

а а а

Мохамед Салах беше расположен за игра и беше меѓу најзаслужните што Ливерпул славеше над Евертон со 4-1 во градската пресметка во Премиер лигата.

Напаѓачот прво погоди во 19 минута за 2-0 за да во 64 стрела за 3-1 и со тоа го скрши отпорот на „карамелите“ кои пред голот се обидуваа на сите начини да дојдат до израмнување.

- Пораката од менаџерот беше дека ќе играат физички силни и ќе одат 100% за секоја топка; Требаше само да ја играме нашата игра и да се обидеме да создаваме шанси, што и го направивме. Очекував од него [Колман] да направи грешка што и направи. Натпреварот беше тежок при 2-1, но при 3-1 беше многу подобар, -рече Салах кој веќе има 19 голови за „црвените“ сезонава и се надева дека ќе продолжи на таков начин, но и дека ќе освои голема титула.

- Се надевам на уште многу голови. Мојата прва цел е да освојам нешто во клубот: лига, Лигата на шампионите, се надевам дека и двете, -рече репрезентативецот на Египет кој со два збора даде коментар за добиеното седмо место во трката за „Златната топка“.

- Немам коментар, - порача Мо кој потоа сепак рече дека се надева дека ќе биде повисоко пласиран следната година.