Познатиот актер споделил необичен трик со кој успева да ја заспие својата ќерка

Точка

01/12/2021

17:53

11.051

Големина на фонт

а а а

Дакс Шепард и Кристен Бел се прилично неконвенционални родители.

Холивудскиот актерски пар има две ќерки - Линколн (8) и Делта (6). Освен што не ги капат секој ден, помладата ќерка почнале да ја одвикнуваат од пелени уште на 5 години, а не гледаат ништо лошо ниту во тоа девојчето да пие безалкохолно пиво.

46-годишниот Шепард сега во видео интервју за магазинот „Parents“ открил и која метода ја користи за да ја заспие својата ќерка за неколку секунди.


„Сфатив дека ако екстремно силно ја чешкам по главата, заспива во рок од 90 секунди“, споделил тој.

Се пошегувал и дека би сакал некој да го предупредел за шармот на родителството.


„Би било убаво некој да ми кажеше дека никогаш нема да имам нешто поубаво. Ако сакаш под без трошки и играчки, збогувај се со тоа. Колку побрзо сфатиш дека живееш во свињарник и дека сè ќе се скине - толку посреќен ќе бидеш. Ние се расправавме шест месеци“, појаснил Дакс.

„Не вредеше тој стрес. Мора да се предадете“, додал Бел.




Спонзорирани линкови

Маркетинг