Лео Меси после освојувањето на седмата Златна топка, приредил забава во Париз.
Аргентинецот во еден париски ресторан организирал вечера за избрани гости.
Меѓу останатите, повикани се сите негови соиграчи од ПСЖ со сопругите. Сите биле таму, освен Мауро Икарди и Ванда Нара.
Како што пренесуваат медиумите во Аргентина, не е случајно што Вана и Мауро не се појавиле на забавата на Меси.
Се наведува дека постојат приватни причини. Според нивните тврдења, во организацијата на целата забава учествувале Анхел Ди Марија и Леонардо Паредес, соиграчите на Меси од репрезентацијата и клубот.
Меѓутоа, бидејќи Паредес и Ванда се во расправија веќе некое време, таа не сакала да се појави на таа забава, а му забранила на сопругот Мауро да оди сам.
Со оглед на неодамнешниот секс скандал, Мауро е во ситуација да мора да слуша сè што ќе каже Ванда.