Мешавина од хаска и германски овчар: Кучето Меки е вистинска Инстаграм сензација

Точка

01/12/2021

17:01

12.069

Големина на фонт

а а а

Домашните миленици се атракција на Инстаграм, а постојат и посебни профили кои се посветени само на животни, најчесто кучиња или мачки.

Некои од тие миленици на Инстаграм се вистински ѕвезди и имаат голем број следбеници. Едно од нив е и кучето Меки кое е популарно помеѓу корисниците на оваа социјална мрежа поради необичниот изглед. Имено, Меки е мешавина од расите хаска и германски овчар.

Бојата на неговото крзно е специфична за германските овчари, додека ледено сините очи и градбата на телото е карактеристична за хаските.

Сопствениците на Меки речиси секојдневно објавуваат снимки и фотографии од својот миленик, а луѓето се воодушевени од неговиот посебен изглед.

Меки на Инстаграм го следат речиси 50.000 луѓе, додека на ТикТок има над половина милион следбеници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг