Пристигна првата проценка на СЗО за омикрон и вестите се добри: Повеќето пациент имаат благи симптоми

Точка

01/12/2021

18:41

3.636

Големина на фонт

а а а

Првите индикации сугерираат дека повеќето случаи на коронавирусот омикрон се "благи", рекол службеникот на Светската здравствена организација (СЗО).

Зборувајќи во име на организацијата, службеникот рекол дека нема докази кои укажуваат на тоа дека ефикасноста на вакцината е намалена поради новиот сој - но рекол дека некои мутации на вирусот укажуваат на зголемен ризик од брзо пренесување.

Рекол дека повеќе од 40 различни мутации се идентификувани во сојот на коронавирус наречен омикрон.


Службеникот на СЗО, кој го цитира "Reuters", додал дека уште многу работи не се знаат за новиот сој, но првите показатели сугерираат дека повеќето случаи се "благи".

Висок службеник во министерството за здравство на Боцвана во вторникот рекол дека 16 од 19 случаи на омикрон сојот откриени во земјата биле асимптоматски.


СЗО исто така прифатила да започне преговори за меѓународен договор за спречување на идни пандемии.

Специјализираната агенција за ОН соопштила дека ќе започне разговори за договори кои исто така ќе разгледуваат како да се контролираат пандемиите во иднината.

Нееднаквоста во врска со вакцинацијата останува една од најзагрижувачките карактеристики на меѓународниот одговор на пандемијата, при што семејствата со најниски до средни приходи имаат најниска стапка на вакцинација.




Спонзорирани линкови

Маркетинг