Меси ги налути Баварците, цехот ќе го плати Барселона

Макфакс

01/12/2021

15:51

3.665

Големина на фонт

а а а

Томас Милер е разочаран од конечниот распоред за Златната топка. Во понеделникот, наградата му пропадна на Лионел Меси, пред соиграчот на Милер, Роберт Левандовски.

„За Баварија, Полска и цела Германија доделувањето на Златната топка е целосно разочарување“, напишал Милер на социјалните мрежи.

„И покрај тоа што долго го работам ова и што не би требало да бидам изненаден од конечниот исход (слично беше и со Франк Рибери во 2013 година), изборот врз мене остави силен впечаток. Во Бундес лигата имаме одлични фудбалери и не треба да се криеме. За да ги признае светот нашите резултати треба да оствариме повеќе успеси на меѓународно ниво. Прва шанса ни е натпреварот во Лигата на шампионите против Барселона. Одиме!“, истакнал Милер.